Египетските власти прикажаа рекордни приходи од Суецкиот канал во фискалната 2020 – 2021 година. Приходите надминаа 5,84 милијарди долари, што во споредба со една година претходно, беа на ниво од 5,72 милијарди долари, пренесува Ројтерс.
Само во првата половина од календарската 2021-ва година приходите од работа на каналот надминаа три милијарди долари. Тие приходи се остварени и покрај застојот од шест дена што го предизвика товарниот брод Ever Given во март оваа година.
Дури пред неколку денови беше целосно отстранет од Суецкиот канал, откако Египет постигна договор со сопственикот и осигурителната компанија на износ од околу 550 милиони долари.
Фото: Pixabay