Суецкиот канал може да се затвори

Откако ескалираше конфликтот меѓу Израел и Хамас, светот е во страв од затворање на Суецкиот канал низ кој минува 12% од светската трговија и низ кој поминуваат бродови со товар во вредност од 10 милијарди долари дневно. Затворањето на каналот секако би резултирало со поскапување на сите стоки, вклучувајќи ја и храната.
Кога пред две години беше затворен Суецкиот канал поради заглавување на огромен брод, последиците беа далекусежни. Потребна беше половина година за нормализирање на синџирите на снабдување.

Веќе со првите денови од војната реагираа и светските берзи. Од почетокот на конфликтот, цената на суровата нафта се зголеми за 10%. Затворањето на каналот последователно ќе влијае не само на цената на нафтата, туку и на цената на другите стоки.

– Тоа секако ќе има влијание врз сите други стоки, вклучително и храната, затоа што тоа е закон за поврзани садови и порастот на цената на нафтата не може да не се одрази на растот на другите производи, изјави Роберт Јуришиќ, земјоделски аналитичар, за ХРТ.

Експертот Звјездана Блажиќ не очекува дека Европа ќе биде гладна бидејќи произведува доволно за сопствени потреби, а има доволно за извоз, но бројот на гладни во светот поради конфликтот сигурно ќе се зголеми. Хрватска најмногу храна увезува од земјите во европските граници, па би ја споделила европската судбина.

– Она што е сигурно, доколку конфликтот се прошири или трае подолго, со оглед на влијанието врз цените на енергенсите, дека ќе доведе до големи економски нарушувања, тогаш ќе паднат сите напори во вода направени од Владата и централните банки поврзани со сузбивање на инфлацијата и во тие ситуации многу веројатно ќе дојде до инфлација на цената на храната, истакна Звјездана Блажиќ, консултант за храна и земјоделска политика.

За многу осиромашени граѓани тоа би бил нов удар. Иако инфлацијата стивнува, трошоците за храна сè уште се преголем товар за многумина