Суфицитот на тековната сметка на еврозоната се зголеми на 23 милијарди евра во септември

Сезонски прилагодениот суфицит на тековната сметка на еврозоната малку се зголеми во септември од августовските ревидирани 22 милијарди евра на 23 милијарди евра, објави денес Европската централна банка (ЕЦБ).

Како што е наведено, во септември е забележан суфицит во категоријата стоки во износ од 30 милијарди евра, како и во услугите од 12 милијарди евра, при што дефицитот на примарниот доход изнесува три милијарди евра и секундарниот доход од 17 милијарди евра.

Во изминатите 12 месеци до септември, еврозоната забележа вкупен суфицит од 306 милијарди евра, што претставува два проценти од нејзиниот бруто домашен производ.