Сунак најави помали даноци и инвестициска поддршка за компаниите кои сакаат да инвестираат во Велика Британија

21

Британскиот премиер Риши Сунак денеска најави дека неговата влада „внимателно и одржливо“ ќе ги намали даноците и на тој начин ќе ги поддржи компаниите кои сакаат да инвестираат во Велика Британија.

„Инфлацијата сега е преполовена, а нашиот раст е посилен, а приходите се повисоки, така што можеме да ја започнеме следната фаза и да го свртиме вниманието кон даночните намалувања“, рече Сунак, пренесе Ројтерс.

Тој посочи дека приоритет на британската влада треба да биде намалување на даноците, но дека тоа ќе биде „внимателно и одржливо“ и дека владата нема да направи ништо што би допринело за инфлација.