“Суперкалоричен предизвик“ од 8.000 калории со јајца, сланина, колбаси, компири, грав, тостови…

70

PAY-8000-calorie-mega-breakfast

Monster mega challenge е појадок што содржи 8.000 калории, 59 парчиња храна и може да се најде во кафулето Corner Café во близина на Бристол, пишува британски Independent.

Овој “суперкалоричен“ оброк содржи два омлета со по три јајца и по шест парчиња јајца, сланина и колбаси. На тоа се додаваат уште пржени компирчиња и печурки, похован кромид, чајна, тостови, две пржени лепчиња, грав и домати, како и енергетски пијалок или милкшејк.

Screen-Shot-2015-01-15-at-9.16.38-am

Пред да седне и да ужива во овој предизвик, што трае околу еден ипол час, секој мора да потпише дека јаде на своја одговорност. Појадокот може да се добие по цена од 15 фунти (околу 19 евра).