
Суперкомпјутерот „Јупитер“ во германскиот истражувачки центар „Јилих“ во близина на Ахен, најбрзиот компјутер во Европа, почна со работа и официјално беше пуштен во употреба во петок од канцеларот Фридрих Мерц и премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Хендрик Вист.
„Јупитер“ „отвора сосема нови можности – за обука на модели на вештачка интелигенција или за научни симулации“, рече Мерц, објави SEEbiz.
Компјутерот, кој е четвртиот најбрз во светот, ја нагласува амбицијата на Германија да преземе водечка улога во денешната технолошка револуција и да биде лидер во вештачката интелигенција.
Истражувачите се надеваат дека Jupiter ќе ѝ помогне на Европа да го намали јазот во вештачката интелигенција, каде што заостанува зад САД и Кина. Системот, исто така, ќе поддржува долгорочни климатски прогнози, ќе симулира процеси во мозокот и енергетски иновации.
Компјутерот чинеше половина милијарда евра. Европската комисија придонесе со 250 милиони евра, додека министерствата за наука на сојузната влада и Северна Рајна-Вестфалија обезбедија по 125 милиони евра.
Jupiter е четвртиот најмоќен суперкомпјутер во светот. Првите три најмоќни се наоѓаат во САД и се способни да извршат повеќе од илјада квадрилиони пресметки во секунда.











