Супермаркети ги отстрануваат датумите на истекување од производите во Обдинетото Кралство

290

Waitrose стана најновиот британски синџир на намирници кој одлучи да го прекине препорачаниот рок на траење на стотици производи.

Waitrose ќе ја отстрани ознаката „најдобро да се употреби до“ од речиси 500 свежи прехранбени производи – вклучувајќи овошје и зеленчук и домашни растенија – на почетокот на септември.

Има разлика во ознаките
Ознаката „употребливо  до“ се однесува на датумот до кој лесно расипливата храна може безбедно да се готви и конзумира. Од друга страна, натписот „најдобро да се употреби до“ се однесува на периодот кога производот е со најдобар квалитет, вкус и текстура.

Не е неопходно да се фрла ако храната е употреблива

Во Велика Британија, Tesco и Marks & Spencer исто така го отстранија препорачаниот рок на траење за некои од нивните производи. Добротворната организација Waste & Resources Action Program вели дека 4,5 милиони тони храна за јадење се фрлаат секоја година во Обдинетото Кралство.

Кетрин Дејвид, една од лидерите на организацијата, изјавува: „Расфрлањето храна ги поттикнува климатските промени, но влијае и на постојаното зголемување на цените на основните прехранбени производи. Датумите на истекување на свежата храна, како што се овошјето и зеленчукот, се непотребни и создаваат отпад од храната што се уште е добра за јадење“.

Во јануари оваа година, британскиот малопродажен синџир Морисонс објави дека ќе ги отстрани роковите од 90 проценти од млекото од сопствената марка и на тој начин ќе ги поттикне клиентите да користат „тест за мирис“ пред да го фрлат производот во ѓубре.

Промена во ЕУ

Европската комисија ќе предложи преиспитување на правилата на ЕУ за означување датуми до крајот на 2022 година, како дел од нејзината стратегија „од поле до маса“. Притоа, Комисијата настојува да го спречи отпадот од храна поврзан со недоразбирање и/или злоупотреба на овие етикети, истовремено обезбедувајќи дека сите предложени промени ги задоволуваат потребите за информации на потрошувачите и не ја загрозуваат безбедноста на храната.

Студијата на Европската комисија (2018) проценува дека до 10 проценти од 88 милиони тони отпад од храна произведени годишно во ЕУ се поврзани со означување на датумот. Првата промена во новиот закон ќе се фокусира на храната која има особено долг рок на траење.

Имено, доколку се складира правилно, храната со особено долг рок на траење нема да има ознака „да се употреби до…“ што го означува последниот препорачан датум до кој може да се консумира. Тоа се производи како ориз, тестенини, кафе и масло.

Друга промена се однесува на ознаката „најдобро се користи до…“, која треба да се изостави или да се замени со друга ознака како на пр. „Често е добро дури и после…“ Сепак, датумот на употреба ќе остане за свежа храна како што се месо, риба и други расипливи производи.