Супермаркети со милионски профити, се жалат за зголемување на минималната плата

223

Само осум супермаркети оствариле над 700 милиони евра приходи за 2021 година и над 25 милиони евра профит. Mинистерот за економија Крешник Бектеши во магазин „Click Plus“ на ТВ21, кажа дека овој список го видел уште пред неколку месеци, а истите бројки му биле како основа за донесување одлука за замрзнување на цените.

„Го видов списокот, и уште еднаш ќе кажам, овие супермаркети кои прават милионски профити, не треба да ги експлоатираат вработените. Не може така“, истакна Бектеши.

Министерот посочува дека има маркети кои се казнети со 100.000 евра.

„Дали вие знаете дека кај дел од овие супермаркети 99% од вработените биле пријавени со минимална плата. Еден супермаркет има само 10 продажни места, а има 10 милиони евра профит, и потоа преку стопанските комори се жалат за минималната плата“, додава Бектеши.