Supersonic fun voice messenger – говорните пораки во реално време ги претвора во текст

21

supersonic-twitter

Фото: Supersonic fun voice messenger

Supersonic fun voice messenger е името на апликацијата којашто може говорните пораки во реално време да ги конвертира во текст, пишува 9to5google.

Станува збор за апликација којашто се развива во старт – ап инкубаторот на Google, Area 120. Овој инкубатор е наменет за вработените во компанијата кои имаат добри идеи и сакаат да ги остварат. Од Google ја добиваат потребната финансиска помош и логистика.

Апликацијата бара од корисникот да го отвори својот налог на Google, а истото треба да го направи и неговиот пријател со кој сака да си разменува пораки. Потоа, треба да го притисне копчето на микрофонот и да ја каже својата говорна порака. Во реално време, Supersonic fun voice messenger, ќе ја трансформира од говорна во текстуална порака. Апликацијата препознава и зборови кои може, наместо со текст, да ги претстави со емотикони. Освен текстуална, корисникот ја добива и говорната порака.