Сурфај бесплатно во трета смена – нова понуда од ВИП

72

Мобилниот оператор ВИП најави воведување на уште една придобивка за корисниците на мобилната припејд телефонија со која добиваат бесплатен интернет во текот на целата ноќ.

Според соопштението од компанијата, ова лето, сите припејд корисници на ВИП мобилната мрежа, со секое дополнување на припејд сметката, без разлика на износот, го добиваат интернет пакетот Трета смена, со кој може да сурфаат бесплатно секоја вечер во периодот од 00:00 ч. до 09:00 ч. Бесплатното ноќно сурфање трае 10 дена, после секое надополнување, а овој интернет пакет автоматски го добиваат и сите нови корисници .

ВИП исто така ја промовираше и новата припејд тарифа Vip Pulse со која сите корисници бесплатно добиваат: тарифна опција Vip Pulse+, како и новиот пакет Vip Пријатели (со кој имаат можност  да зборуваат 30 дена бесплатно и неограничено со сите Vip Припејд корисници), интернет пакетот Трета смена, и 2GB интернет, коишто може да ги користат во кој било период од денот, во првата недела од активацијата.
Кон оваа тарифа може да се приклучат и постојните припејд корисници  со едноставно праќање на SMS порака на 14712.

За сите оние кои, пак, сакаат 30 дена да уживаат во бесплатни разговори со сите Vip Припејд корисници како Vip Pulse корисник треба да го активираат пакетот Vip Пријатели по цена од 59 денари и со испраќање на SMS на 1464 со содржина START.