Сушата ги стопира приходите од Панамски Канал

49

Приходите на Панамски Канал во фискалната 2023/2024 година, што заврши во септември, стагнираат и се задржаа на ниво од претходната фискална година поради сушата.

Приходите изнесуваат 4,99 милијарди долари, додека добивката е зголемена за 9,5 проценти и изнесува 3,4 милијарди долари.

Преку Панамски Канал во 2023/2024 година поминаа 423 милиони тони товар и 27,3 бродови дневно, што е за речиси една четвртина помалку од претходната година.

Финансискиот ефект од сушата е ублажен со намалување на оперативните трошоци за пет отсто.

Управата на Панамски Канал поради сушата го ограничи транзитот, па бродовите доцнеа или бараа алтернативни рути. Во втората половина од годината дождот ги наполни резервоарите на Панамски Канал, па беа намалени ограничувањата.

Управата на Панамски Канал најави дека во следните седум години ќе инвестира 8,5 милијарди долари во проекти кои вклучуваат нова инфраструктура.