Суспендирањето на увозот на руски гас скапо би ја чинело Австрија

31

Едностраното суспендирање на увозот на руски гас скапо би ја чинело Австрија, бидејќи има договор до 2040 година, предупреди поранешниот директор на нафтениот концерн ОМВ Герхард Роис.

Роис објасни за ORF дека договорот предвидува дека, дури и ако Австрија одлучи да не увезува руски гас, мора да плати 96 отсто од сметката, пренесува Танјуг.

Доколку цената на гасот остане на високо ниво, Австрија до 2040 година ќе треба да плати до 100 милијарди евра за руски гас.