Сузуки го напушта американскиот пазар

18

Јапонскиот произведувач на автомобили Сузуки соопшти дека ќе престане да врши дистрибуција за САД и дека ќе го напушти овој пазар.

Американската филијала на компанијата ќе поднесе барање за банкрот, согласно Член 11 од единствениот трговски законик на САД. На овој начин Сузуки ќе може да го реорганизира бизнисот, пред да мора да ги исполни финансиските барања на доверителите.

Филијалата на Сузуки во САД мораше да се справи со многу тешкотии. Сузуки нудеше модели на автомобили кои беа истуркани на маргините од посилните брендови, а не му одеше од корист ниту девизниот курс.

Компанијата ќе продолжи да обезбедува резервни делови и ќе ги почитува сите тековни гаранции, јавува CNN Money.

Јапонската компанија планира да се фокусира на продажба на мотоцикли, теренци итн.