Suzuki го прекинува производството во две од три јапонски фабрики

112

Корпорацијата Suzuki ќе го прекине производството во две од своите три фабрики во Јапонија, пренесе Nikkei.

Одлуката е донесена поради недостиг на чипови, се вели во извештајот на јапонската агенција и се додава дека производителот на автомобили се соочува со “доцнења во обезбедувањето на некои делови“.

Suzuki досега не го стопираше производството заради недостиг на чипови за автомобилската индустрија, наспроти конкурентите како General Motors, Stellantis, Honda, Toyota, Hyundai и Ford.

Фото: Pixabay