
Јапонскиот производител на автомобили Сузуки Мотор ќе инвестира 350 милијарди рупии (5,6 милијарди долари) во изградба на втора фабрика за автомобили во индиската држава Гуџарат.
Според претседателот на Suzuki Motor, Тошихиро Сузуки, целта на автомобилската компанија е да го зголеми производствениот капацитет на еден од нејзините клучни пазари, пренесува Reuters.
Suzuki, исто така, ќе инвестира 32 милијарди рупии за да додаде нова производна линија во постоечката фабрика во земјата, што ќе го зголеми производството на електрични возила, рече Suzuki на инвестицискиот самит во Јапонија.
Индискиот пазар на автомобили е клучен за Suzuki, каде што нејзината подружница Maruti Suzuki е најголемиот производител на автомобили по продажба.
Годишниот производствен капацитет на Suzuki ќе се зголеми на два милиони единици во земјата како резултат на новите инвестиции, соопшти компанијата.











