Свадбите остануваат забранети

26

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи рече дека Владата не се согласува со барањата на угостителите да се дозволи организирање свадби и веселби. Битиќи кажа дека Владата ќе ја почитува одлуката на Комисијата за заразни болести во врска со заштитата од Ковид-19.

“Немам доблест, немам храброст да одам против Комисијата. Секој треба на професионален начин да одработи, ако Комисијата вели нема околности за олабавување треба да им веруваме. Јас сум отворен за средби, отворен бев и пред пакетот мерки. Мислам дека решенијата се изнајдени, треба само соодветно да ги искомуницираме. Сите сме погодени од кризата, некој здравствено некој економски, сега е битно да видиме колку погодени ќе излеземе од кризата. Ќе разговарам со секој кој смета дека има потреба од разговор“, рече вицепремиерот Битиќи.

Угостителите кои организираат свадби, ноќните клубови и музичари протестираат поради забраната за работа. Денеска од 15 часот е најавен нов протест на угостителите, овој пат пред Владата.

Фото: Pixabay