На плоштадот Валеро во Ерусалим се поставени необични светилки во форма на цвет, коишто се отвораат кога некој од случајните минувачи застане под нив, пишува Contemporist.
Светилките се високи околу девет метри и се поставени на четири клучни места на плоштадот.
Цветовите се отвораат и кога ќе застане трамвајот на блиската станица за да можат патниците да се заштитат од дожд или од силното сонце.
Кога нема никој во близина на светилките, тие се собираат и го намалуваат интензитетот на светлина.