Светот им се восхитува на овие луѓе

53

Барак и Мишел Обама се личности на кои светот најмногу им се восхитува, покажува анализата на YоuGov, што за првпат беше спроведена во 2014 година.

Оваа година прв на листата се најде поранешниот американски претседател, Барак Обама, земајќи му го приматот на основачот на Microsoft, Бил Гејтс, кој беше на врвот на оваа листа во 2019 година.

Меѓу 10-те мажи на кои светот најмногу им се восхитува се и: Кси Џинпинг (претседател на Кина), Нарендра Моди (премиер на Индија), Џеки Чен (актер), Кристијано Роналдо (фудбалер), Џек Ма (основач на Alibaba), Далај Лама (тибетски лидер), Илон Маск (основач на Tesla и SpaceX) и Кијану Ривс (актер).

Меѓу припадничките на понежниот пол, најголем восхит и оваа година, како и минатата, предизвика поранешната прва дама на САД, Мишел Обама.

Листата од 10 жени на кои светот најмногу им се восхитува се: Анџелина Џоли (актерка), Кралицата Елизабета Втора, Опра Винфри (телевизиска водителка), Џенифер Лопез (пејачка), Ема Вотсон (актерка), Скарлет Јохансон (актерка), Пенг Лијуан (кинеска пејачка) и Тејлор Свифт (пејачка).

Во ова истражување се вклучени повее од 45.000 луѓе од 42 земји во светот.

Фото: YouGov