Светот ќе има повеќе милионери, особено во една земја

237

И покрај војната во Украина и раширената инфлација, угледната швајцарска банка Credit Suisse предвидува дека бројот на милионери во светот значително ќе се зголеми во следните пет години.

Се проценува дека до 2026 година во светот ќе има 87,5 милиони луѓе кои ќе имаат нешто помалку од еден милион евра или еден милион долари на својата банкарска сметка, пренесува Yahoo.

Во извештајот на швајцарската банка се наведува дека во 2021 година во светот имало 62,5 милиони милионери, со констатација дека бројот на милионери ќе продолжи да се зголемува, особено во растечките економии, а најмногу во Кина.

Најголем број милионери може да се очекуваат во САД, со зголемување на бројот на милионери за нешто помалку од три милиони, со вкупен број од нив околу 27,5 милиони до 2026 година.

На второ и трето место се Кина и Јапонија со околу 4,8 милиони милионери, а потоа следуваат Велика Британија, Франција, Германија, Канада, Австралија, Италија и Јужна Кореја.

Извештајот на Credit Suisse проценува дека бројот на милионери во Индија, Хонг Конг и Африка исто така ќе се удвои. Исто така, швајцарската банка предвиде дека до 2026 година, приватното богатство ќе се зголеми за повеќе од една третина, на околу 169 трилиони долари, приближно 155 трилиони евра.

„И покрај инфлацијата и руско-украинската војна, веруваме дека глобалното богатство ќе продолжи да расте“, се наведува во извештајот и се предвидува дека вкупниот број на луѓе со имот поголем од 50 милиони долари ќе се зголеми на околу 385.000.

Во првата половина од минатата година 500-те најбогати луѓе на Земјата изгубиле вкупно 1,4 трилиони долари. Причината за тоа, како што се наведува, е што богатството на најбогатите пред сè зависи од движењето на цените на акциите, а поголемиот дел од минатата година, поради стравот од рецесија и инфлација, беше проследен со пад на цените на хартиите од вредност и акции.