Светот може да се донесе и дома – Македонската агенција ИДЕА ЛАБ дел од Глобалниот PROI Самит во Хрватска

6

Успехот е секогаш во центарот на вниманието, но не секогаш се обрнува доволно внимание на чекорите и предизвиците за да се стигне до истиот.

Од 30 мај до 02 јуни 2022, во Дубровник во Хрватска, македонската агенција за маркетинг и односи со јавност од Скопје, ИДЕА ЛАБ, беше дел од Глобалниот Самит на ПРОИ (PROI Worldwide), водечки глобален конзорциум на претприемачки агенции за комуникации со партнери во 58 земји.

„Можноста да се биде дел од светот на PROI е значително уникатна, а тимот на нашата агенција е благодарен за шансата за вреднување на нашиот долгогодишен труд на успешно имплементирани рекламни кампањи и проекти за голем број на домашни и светски брендови, организации и институции, од диверзифицирана палета на индустрии и бизнис сегменти. Насоката и перспективата за кое е она кое можеме да го креираме заедно со најдобрите светски агенции од маркетиншка гледна точка се бесконечни и неограничени. Тоа беше и главниот заклучок и порака на Глобалниот Самит во Дубровник, — иднината е дефинитивно позитивна и светла, но само доколку постои подготвеност да се одговори на предизвикот на модерната ера која го налага условот за облигаторна промена кон константно подобрување и впивање на најдоброто од најновите трендови во нашата индустрија. Најголемата вредност за нашата земја и агенција од овој глобален настан и споделените искуства е искористување на моќта на вмрежувањето, и надградување на постоечката експертиза на оперативното ниво на агенции, коишто работат за големи бренд-гиганти и корпорации,“ изјави Ема Анчевска, ко-сопственик и основач на ИДЕА ЛАБ.

ИДЕА ЛАБ, основана во 2013 од страна на Димитар Атанасовски и Ема Анчевска, е дел од партнерската мрежа на PROI од мај 2021 година, во којашто се вклучени агенции од целиот свет од Европа, Африка, Блискиот Исток, Северна, Централна и Јужна Америка, Азија, кои имаат активна имплементација на кампањи во над 34 сегменти.

Во склоп на неколкудневните сесии на самитот, ИДЕА ЛАБ и официјално ги претстави своите досегашни достигнувања и визијата за идните потфати на агенцијата, коишто се прошируваат секојдневно. Најважните точки на дискусија за време на настанот беа вреднувањето на вработените, како и посветеноста на проширувањето на нивните знаења и начин на работа, секако со помош на технологијата и придобивките на дигиталниот век, коешто како проекција неминовно резултира во зголемена мотивација, креативност, чувство на припадност, профитабилност и успех. Најважната тема и порака од неколкудневниот самит беше и креирање на современа светска агенција, чијшто предизвик е докажување на реалната шанса за мотивирање на младите со услови за работа на ниво на странските земји, без потреба од заминување во странство за подобар живот и кариера. Главниот заклучок? Светот може да се донесе и дома.

Партнерската мрежа на PROI Worldwide е распространета низ целиот свет, — и тоа во Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Украина, Велика Британија, Конго, Египет, Гана, Кенија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Обединети Арапски Емирати, Канада, Македонија, Мексико, САД, Коста Рика, Бразил, Колумбија, Уругвај, Австралија, Бурма, Камбоџа, Кина, Индија, Индонезија, Јапонија, Малезија, Нов Зеланд, Филипини, Сингапур, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд.