
Светските рафинерии за нафта не можат да му обезбедат на светот доволно дизел гориво, пишува Блумберг.
Во написот се наведува дека договорите за дизелот достигнале рекордна цена – над 140 долари за барел.
Дополнително, ситуацијата ја влоши и намалувањето на производството на нафта од страна на лидерите на ОПЕК+ – Саудиска Арабија и Русија.
Покрај тоа, според изданието, многу фабрики почнале да работат побавно поради жешкото лето на северната хемисфера, па испораките престанале.
Истовремено, се појаснува дека состојбата со дефицитот може да се влоши.
Претходно цената на нафтата „брент“ надмина 94 долари за барел.
Шпигел, исто така, истакна дека Германија го зголемила купувањето на руска нафта 12 пати, пренесува Б92.











