Светска банка: 12 милијарди долари итна помош поради корона вирусот

86

Светска банка разви пакет за итна помош во висина од 12 милијарди долари за да им помогне на земјите во коишто има корона вирус. Целта на овој пакет е амортизирање на последиците од оваа епидемија што ќе се одрази врз нивната економија.

Пакетот од 12 милијарди долари ќе биде во форма на брзи заеми и заеми со ниски каматни стапки за да им се помогне на земјите да обезбедат подобра здравствена услуга.

Дејвид Малпас, претседател на Светска банка, изјави дека постојат многу “непознати факти“ за вирусот Covid – 19 којшто брзо се шири и ќе биде потребна многу поголема помош.

Тој ги повикал земјите да ги координираат активностите на регионално и меѓународно ниво, бидејќи брзината и обемот на помошта ќе биде критично важно за да се спасат повеќе човечки животи.

Сиромашните земји коишто имаат проблеми со здравствените системи се најранливи.

Фото: Pexels