Светска банка: Европските економии во подем годинава ќе забележат раст од 3,6 %

83

Економиите во развој во регионот на Европа и Централна Азија годинава ќе пораснат за 3,6 %, благодарение на заздравувањето на извозот и стабилизацијата на цените на индустриските производи, објави денеска Светска банка во новиот, ажуриран извештај за регионот.

Според овој меѓународен доверител, закрепнувањето на извозот и стабилните цени на индустриските производи делумно ги неутрализираа последиците од повторното појавување на пандемијата на крајот на 2020-та година и новиот бран на заболени со Ковид-19.

Умерениот раст во регионот во 2021-ва година ќе следи по падот од 2,0 % во минатата година поради нарушувања предизвикани од коронавирусот, се вели во соопштението.

Економскиот пад, додава Светска банка, е помал отколку што се очекуваше поради посилното закрепнување на Турција од очекуваното и отпорноста на Русија како две најголеми економии во регионот.

Најтешко погодени економии се оние кои зависат многу од услугите и туризмот, имајќи предвид дека мерките за социјално дистанцирање и ограничувањето на движењето доведоа до трајно слабеење.

Регионалната стапка на раст се очекува да достигне 3,85% во 2022-ра година, бидејќи ефектите од пандемијата постепено ослабуваат, а трговијата и инвестициите го забрзуваат растот.

Ваквите изгледи, сепак, се многу несигурни и растот може да биде помал доколку пандемијата исчезне подолго од предвиденото, се додава во извештајот.

Светска банка забележува дека има одложувања во вакцинацијата во регионот, дека условите за надворешно финансирање се влошуваат како резултат на глобалното зголемување на каматните стапки или влошувањето на расположението на инвеститорите, како и поради геополитичките тензии.

Проценува дека пандемијата ќе збрише најмалку пет години раст на приходот по глава на жител во неколку економии во регионот и ќе го зголеми бројот на сиромашни, главно поради загубите на работни места.

Генерално, и покрај закрепнувањето на растот, зголемувањето на бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител во регионот е поблаг и под трендот на пандемијата.

“Пандемијата продолжува да фрла сенка врз економската активност во Европа и Централна Азија. Сепак, како што креаторите на политиките се справуваат со краткорочните ефекти врз здравјето, образованието и економијата, тие треба да ја искористат можноста да се справат со долгорочните предизвици за зајакнување на продуктивноста, градење на поинтензивен приватен сектор, надградба на институциите и преминување кон позелена и поинклузивна економија“, вели Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија.

Доброто управување е основно за постигнување на овие долгорочни развојни цели. Во Европа и Централна Азија, доброто управување добива на важност со оглед на историски големата улога што владите ја играат во обликувањето на економиите.

Владините трошоци во регионот сочинуваат скоро 40% од економијата, а владите вработуваат повеќе од една четвртина од најобразованите и најпродуктивните работници во регионот, при што жени сочинуваат 57% од вработените во јавниот сектор.

Улогата на владата во земјите во регионот веројатно ќе расте понатаму во наредните години, пред се поради потребата од проширување на здравството и долгорочна грижа за стареењето на населението, како и јавната поддршка на владините интервенции за намалување на нееднаквоста и подобрување на здравството и образованието, соопшти Светска банка.

Фото: Freepik