
Светска банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија во 2026 година, очекувајќи раст од 3,2 проценти, наспроти претходно проектираните 2,9 проценти.
Според октомврискиот извештај на Светска банка, инфраструктурните проекти ќе бидат меѓу главните двигатели на економскиот раст во земјата.
За 2027 и 2028 година, Светска банка прогнозира економски раст од 3 проценти годишно.











