Светска банка: Годинава дознаките зголемени за 7,3 отсто

23
Man working on laptop from garden. Counting financial data Bank, banking, bill.

Дознаките испратени во државите со пониски и средни приходи се зголемија за 7,3 отсто оваа година на 589 милијарди долари, соопшти Светската банка, истакнувајќи дека овој тренд на раст е поголем од очекуваниот.

Трендот на испраќање дознаки се покажал отпорен и покрај глобалната рецесија предизвикана од пандемијата Ковид-19, бидејќи, освен овогодинешниот значителен пораст, минатата година забележа пад од само 1,7 отсто.

Во извештајот на Светска банка за миграција и развој се наведува дека тековите на дознаките кон земјите со пониски и средни приходи, освен Кина, ќе го надминат збирот на приливите на странски директни инвестиции (СДИ) и странската развојна помош (ИРП) втора година по ред.

„Дознаки испратени од мигрантите се значително дополнување на владините програми за трансфер на готовина за да им се помогне на семејствата кои се соочуваат со економски тешкотии за време на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19″, истакна Михал Рутковски, директор на одделот за социјална заштита и вработување на Светска банка.