Светска банка ја намали прогнозата за глобален раст на 2,9 отсто

39

Светската банка ја намали својата прогноза за глобален раст за 2022 година за речиси една третина на 2,9 отсто, предупредувајќи дека руската агресија врз Украина ја зголемила штетата предизвикана од пандемијата „Ковид-19“ и дека многу земји сега се соочуваат со рецесија.

Војната во Украина го интензивираше забавувањето на глобалната економија, која сега влегува во ситуација која може да стане „долг период на слаб раст и растечка инфлација“, се вели во извештајот на Светската банка за глобалните економски перспективи, предупредувајќи дека изгледите може да се влошат, пренесува Ројтерс.