
Светската банка ја намали прогнозата за растот на Кина следната година и предупреди дека растечките економии од Источна Азија ќе растат со една од најбавните стапки во последните пет децении, бидејќи растот на американскиот протекционизам и зголемените нивоа на долг ја влечат економијата.
Намалените прогнози на Светска банка за 2024 година ја нагласуваат зголемената загриженост за забавувањето на Кина и прелевањето на тој тренд во Азија. Кинеските креатори на политики веќе поставија една од најниските цели за раст во последните децении, околу пет проценти, пишува „Фајненшл тајмс“.
Цитирајќи серија слаби показатели за втората по големина економија во светот, Светската банка соопшти дека сега очекува економското производство на Кина да порасне за 4,4 отсто во 2024 година, што е повеќе од 4,8 отсто што се очекуваше во април.
Банката, исто така, ја намали прогнозата за раст на БДП за 2024 година за економиите во развој во Источна Азија и Пацификот, која ја вклучува Кина, на 4,5 отсто, што е намалување од априлската прогноза од 4,8 отсто и заостанување зад стапката од 5 отсто, како што се очекуваше оваа година.
Проекциите покажуваат дека регионот, еден од главните светски двигатели на растот, е поставен на најбавната стапка на раст од доцните 1960-ти, исклучувајќи ги вонредните настани како што се пандемијата на коронавирус, азиската финансиска криза и глобалниот нафтен шок од 1970-тите.











