Светска банка: Либанската елита ја „оркестрира“ економската криза во земјата

47

Светската банка ја обвини владејачката класа во Либан дека „оркестрира“ една од најлошите национални економски депресии во светот со нејзиниот експлоататорски однос кон ресурсите на земјата.

Меѓународната финансиска институција денеска објави дека либанската елита продолжува да ја злоупотребува својата позиција и покрај тоа што Либан трпи еден од трите најголеми финансиски колапси во светот од 1850-тите, пренесе Ројтерс.

„Намерната економска депресија во Либан ја води елитата која долго време ја окупира земјата и живее од економски ренти“, се вели во соопштението на Светската банка што го придружува извештајот за либанската економија.