Светска банка подготвена да издвои три милијарди долари за Украина

sbСветска банка соопшти дека годинава е подготвена да издвои три милијарди долари помош за Украина, која западна во големи финансиски проблеми и длабока политичка криза.

Околу две милијарди ќе бидат наменети за тековни проекти, а останатите една милијарда ќе одат директно кај владата под услов да ги спроведува економските реформи за да се поправи финансискиот хаос, јавува Ројтерс.

“Светска банка прими барање на привремената украинска влада за помош и подготвена е да му помогне да украинскиот народ во овие тешки времиња. Се надеваме дека ситуацијата во земјата набрзо ќе се стабилизира”, стои во соопштението од оваа институција.

Како што наведува Светска банка, евентуалната програма за помош на Украина која уште мораат да ја одобрат земјите членки, треба да овозможи повторно воспоставување на економска стабилност, јакнење на банкарскиот сектор, радикална борба со корупцијата и реформи во енергетскиот сектор. Условите за заемот не се дефинирани.

СБ во Украина веќе има финансирано проекти со 3,7 милијарди долари, претежно проекти за снабдување со вода и сообраќајна инфраструктура.