Светска банка се чуди на зделките во гејминг бизнисот

116

Глобалниот пазар на видео игри достигна рекордни 175 милијарди долари на крајот на минатата година, според аналитичката компанија BCG. Експертите забележуваат дека петте водечки пазари за игри се Кина, Русија, САД, Јужна Кореја и Јапонија.

Инвестициите во секторот рапидно растат. Ако во 2018 година не надминаа 6 милијарди долари, во 2020 година веќе се повеќе од 30 милијарди. Друг доказ за порастот на индустријата е купувањето на Activision Blizzard од Microsoft во зделка вредна 69 милијарди долари.

Светска банка смета дека таквите трошоци се неоправдани, особено во услови на пандемија, пишува рускиот портал Вести. Од институцијата коментираат дека Меѓународната асоцијација за развој успеала да привлече три пати помалку средства за поддршка на земјите во развој во последните три години.

„Собиравме 8 милијарди долари годишно за 75 најсиромашни земји. Споредете 8 милијарди долари со околу 70 милијарди долари инвестиција во компанија за компјутерски игри. Зарем не се прашувате: чекајте, дали е ова најдобриот начин да се искористи капиталот? – коментира Дејвид Малпас, претседател на Светска банка.