Светска банка: Сиромаштијата во Азија повторно расте

55

Најдлабоката глобална рецесија од Втората светска војна во 2020 година го прекина падот на сиромаштија во азиско – пацифичкиот регион, што траеше 20 години, информира Светска банка.

Пандемијата и ограничувањата што го предизвика значеа “шок во домашната понуда и побарувачка“ во скоро цела источна Азија и Пацификот.

Поради економските ризици, сиромаштијата престана да се намалува, што се случува за првпат по 20 години.

Земјите со најслаби резултати имаат висока стапка на заразени и смртност од коронавирусот, а во борба против пандемијата, како што нотира Светска банка, повеќе се потпираат на долги ограничувања на мобилноста одошто на “ефикасна стратегија основа на тестови“.

Виетнам и Кина се единствените економии во регионот што минатата година имаа раст на економската активност, надминувајќи го предпандемиското ниво.

Податоците говорат дека пандемијата лани тешко ги погоди земјите што се зависни од туризам, како што се Камбоџа и Тајланд, додекa извозниците како Виетнам, поминаа релативно подобро.

Фото: Pexels