„Војната во Украина е „катастрофа“ за светот, која ќе го намали глобалниот економски раст“, изјави претседателот на Светска банка Дејвид Малпас.
„Војната во Украина доаѓа во неповолен момент за светската економија, бидејќи инфлацијата зема залет“, рече Малпас во интервју за Би-Би-Си, нагласувајќи дека, сепак, најмногу го загрижува „ загубата на човечки животи“.
Според него, економското влијание на војната се протега надвор од границите на Украина, а растот на светските цени, особено на енергијата, „најмногу ги погодува сиромашните, како и инфлацијата“.











