Светска банка за земјава проектира раст од 3,6%

22

Светска банка ги зголеми изгледите за економски раст на светот на 5,6% годинава, што е за 1,5 процентни повеќе од претходната проекција.

“Глобалната економија би требало да се зголеми за 5,6% во 2021 година, што е најсилно темпо по рецесијата во последните 80 години. Ова закрепнување не е рамномерно и во голема мера ги одразува наглите скокови во некои поголеми економии. Глобалните изгледи за раст и понатаму се под ризици, вклучувајќи и нови бранови од пандемијата. Креаторите на политики ќе мора да ги урамнотежат потребите за поддршка на закрепнувањето, а во исто време штитејќи ја стабилноста на цените и фискалната одржливост, како и да се продолжат напорите за поттикнување реформи што ќе донесат раст“, порачуваат од Светска банка.

Предвидувањата за Македонија се дека земјава годинава ќе ја заврши со раст д 3,6%, за следната 2022-ра се проектира пораст од 3,5%, а за 2023-та се прогнозира 3,4% економски раст.

Кога се работи за најнапредните економии, Светска банка предвидува раст од 6,8% за САД, 4,2% за еврозоната, а 2,9% за Јапонија.

Од земјите во регионот, највисока стапка на раст се проектира за Црна Гора (7,1%), по што следат: Хрватска (5,5%), Србија (5%), Босна и Херцеговина (2,8%) и Бугарија (2,6%).

Фото: Freepik