Светска премиера на Porsche Macan

15

p1
Porsche ја проширува својата гама и влегува со сосема нова класа. Macan е првиот Porsche претставник во компактната класа на спортско корисни возила, кој поставува нови стандарди во полето на динамиката и на уживањето при возењето, како на асфалтирани улици, така и на нерамен терен.

Macan комбинира типични карактеристики својствени за Porsche, кои моделите на брендот ги поседуваат уште од самиот почеток: максимално забрзување, брзо сопирање, огромна сила на моторот, екстремна агилност и прецизно управување. Дотолку повеќе, сите овие функции се надополните со високо ниво на удобност и секојдневен комфор. Спортските гени на Macan, како и кај сите други Porsche модели, веднаш се препознаваат по дизајнот. Спортско корисното возило доминира на патот со својот решителен и јасен профил. Прецизните линии на кровот и во предниот дел оддаваат впечаток на импресивна спортска елеганција и моќна динамика. Многу од елементите во дизајнот се земени од другите спортски модели на Porsche, но тие елементи се специјално подобрени за новиот Macan, кој блеска на прв поглед и го навестува првиот Porsche спортски автомобил во компактниот SUV сегмент. Porsche Macan се произведува во Германија, во Porsche фабриката во Лајпциг. Брендот инвестираше 500 милиони евра во производната линија од каде што треба да излегуваат 50.000 Macan возила годишно.  Сите произведени со најголема прецизност и со највисок квалитет.  Тоа се очекува од Porsche.

p2

Три Macan модели ја сочинуваат палетата на производи при лансирањето на пазарот.

1) Macan S  опремен со 3.0 литарски V6 biturbo мотор со 340 КС (250 kW), кој се одликува со активен погон на сите тркала со електронски контролирана мулти спојка. Со погонот на сите тркала опремени се сите Macan модели. Дополнително моделите се опремени и со седум брзински автоматски менувач, со кој силата се пренесува речиси без било каков прекин и овозможува возилото да забрза од 0 до 100 km/h за 5,4 секунди или 5,2 секунди со опционалниот Sport Chrono пакет. Возилото ја достигнува максималната брзина од 254 km/h, а потрошувачка на гориво изнесува 9,0 и 8,7 литри на 100 km (според NEDC *). Емисијата на CO2 е меѓу 212 и 204 грама на километар.

2) Macan S Diesel меѓу трите Macan модели е најекономичниот крстосувач на долги патеки. Со 3.0 литарски V6 турбо дизел мотор потрошувачката на гориво изнесува меѓу 6.3 и 6.1 литри/100 km, што одговара на 164 и 159 g/km емисија на СО2. Сепак, Macan S Diesel забрзува од 0 до 100 km за само 6,3 секунди (или 6,1 секунди со вграден Sport Chrono пакет), моторот има 258 КС (190 kW) и ја постигнува максималната брзина од 230 km/h .
3)  Macan Turbo е најмоќното возило од семејството Macan, а воедно и најмоќен модел во компактниот SUV сегмент. Со 3,6 литарски V6 biturbo мотор, овој Porsche модел има незаменлива моќност од 400 КС (294 kW), а забрзува од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди. Со Sport Chrono пакетот возилото забрзува до 100 km/h за 4,6 секунди. Иако максималната брзина е 266 km/h, кај Macan Turbo (според NEDC) потрошувачка на гориво е помеѓу 9,2 и 8,9 литри на 100 km, а емисијата на СО2 е меѓу  216 и 208 g/km.

Неговото име потекнува од индонезискиот збор Macan што значи тигар. Macan навистина живее според значењето на неговото име: моќен и подготвен да “скокне” во секое време, пргав, жилав и истраен на off-road теренот. Системот за погон на сите тркала е најмоќниот во светот, направен според последниот збор на техниката и познат под името Porsche Traction Management (PTM). Системот најпрво ќе биде вграден во Porsche Macan, а потоа ќе биде понуден кај целата Porsche гама. Моделот е 4.699 mm долг, 1.923 mm широк и 1.624 mm висок, со овие димензии тој е 146 mm пократок, 16 mm потесен и 82 mm понизок од втората генерација на Porsche Cayenne.

p3

Опремата кај Macan e стандардно богатa, погон на сите тркала, PDK трансмисија со двојна спојка, мулти функционален спортски управувач со команди за менување брзини, големи тркала, електрична задна врата и аудио систем со високи перформанси. Листата на дополнителна специјална опрема е импресивна, тука е систем за воздушна суспензија, карактеристика која го прави возилото единствено во сегментот. Тука е и системот за насочување на вртежниот момент (PTV Porsche Torque Vectoring Plus), специјално направен за Macan. Овој систем дистрибуира различен вртежен момент на задните тркала и работи во спрега со блокадата на диференцијалот на задната оска. Листата на Porsche дополнителна опрема го вклучува и светлосниот систем со висок сјај како дел од Porsche Dynamic Light System Plus (PDLS Plus) системот, кој континуирано ги прилагодува предните светла зависно од условите во сообраќајот.