Светска студија открива: Мажите не сакаат кога жената заработува повеќе

59

Бројот на жени кои внесуваат повеќе пари во куќата расте, иако разликата во платите меѓу половите е сè уште присутна и прилично длабока. Според истражувањето на Американското биро за попис од 2018 година, кај еден од четирибрачни парови – жените заработуваат повеќе од своите сопрузи.

Но, новата студија на University of Bath сугерира дека овој тренд влијае на менталното здравје на машките партнери. Студијата  во текот на 15 години испитала 6.000 американски брачни парови, за да види како оваа промена влијае на физичкото и менталното здравје на луѓето, задоволството од животот и односите.

Тогаш откриле дека мажите се чувствуваат најмногу вознемирени ако се единствени кои финансиски придонесуваат за семејството, а најмалку се под  стрес кога нивните партнери учествуваат со околу 40% од приходите во буџетот на домаќинството. Но, како што жените стануваа поуспешни на работа, сликата се менуваше.

Причината за тоа се традиционалните социјални родови норми, кои очигледно, не се поврзани само со нашата земја и Балканот. Мажот смета дека треба и мора да заработува повеќе од жените. Посилниот пол, едноставно потешк ја менува таа ментална слика. Машките партнери очекуваат дека тоа од нив се очекува, се плашат од исмевање од околината или влијанието врз самодовербата.
Експертите велат дека добрата организација помага на сето тоа. На пример, мажот може да носи поголем товар, во смисла на финансирање на школување, големи поправки, летни одмори, реновирање и слично, додека жената може да плаќа сметки, храна, облека, некои секојдневни работи од својата плата.

Фото: Pixabay