Светската банка и додели заем на Јужна Африка од 750 милиони долари за закрепнување од последиците на Ковид-19

70

Светската банка одобри заем од 750 милиони американски долари за Јужна Африка поврзан со закрепнувањето на земјата, посебно за заштитата на сиромашните и поддршка на економското закрепнување на земјата по пандемијата со Ковид-19 , соопшти Министерството за финансии на Јужна Африка.

Јужна Африка, втората по големина економија на континентот, е силно погодена од четири бранови на инфекцијата, што досега ја предизвикаа смртта на околу 94.000 лица и заразија 3,5 милиони граѓани, што е најголема бројка на заразени во цела Африка.

Постојаните карантини за заштита на луѓето доведоа до затворање на илјадници бизниси, зголемувајќи го бројот на невработени, што минатата година доведе до зголемување на стапката на невработеност во Јужна Африка.

„Поддршката од Светска банка доаѓа во критично време за нас“, рече Дондо Могајане, генерален директор на Државниот трезор.

Средствата од заемот за развојна политика ќе помогнат да се премости финансискиот јаз што произлегува од дополнителните трошоци за кризата со Ковид-19, додаде тој.