Светската банка ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Кина на 4,9 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година, но предупреди дека пониската доверба на домаќинствата и бизнисите, заедно со тешкотиите во секторот на недвижности, ќе продолжат да претставуваат проблеми за економијата на оваа азиска земја.
Во претходната јунска прогноза, Светска банка очекуваше кинеската економија да порасне за 4,8 отсто во 2024 година и за 4,1 отсто во 2025 година, но сега ја ревидираше проценката поради силата на кинескиот извоз и неодамнешните мерки на владата во Пекинг за стимулираат потрошувачка, пренесува CNBC.
„Справувањето со предизвиците во секторот за имот, зајакнувањето на мрежите за социјална заштита и подобрувањето на финансиите на локалната власт ќе биде од суштинско значење за да се започне одржливо закрепнување“, рече директорката на Светската банка за Кина, Мара Ворвик.