Светската банка предупредува на можна глобална рецесија оваа година

82

Светска банка ги намали прогнозите за раст за 2023 година, бидејќи влијанието на зголемувањето на каматните стапки на централните банки се интензивира, војната на Русија во Украина не е ни блиску до крајот и најголемите светски економии стагнираат.

Светска банка очекува раст на глобалниот БДП од 1,7 отсто во 2023 година, што е најнизок процент од 1993 година, доколку се исклучат рецесиите од 2009 година и пандемијата од 2020 година.

Во својот претходен извештај за глобалните економски перспективи од јуни 2022 година, банката предвиде глобален раст од три проценти за оваа година.

„Забавувањето на најголемите економии може да навести нова глобална рецесија“.

Светска банка предвидува раст од 2,7 отсто за 2024 година, а за периодот од 2020 до 2024 година ќе биде вкупно под два отсто, што е најбавно петгодишно темпо од 1960 година.

Таа институција смета дека забавувањето на најголемите економии, вклучително и САД, чијшто очекуваниот раст е намален за 0,5 отсто, може да навести нова глобална рецесија, помалку од три години од претходната.

„Со оглед на кревките економски услови, секој нов несакан развој, како што е инфлацијата повисока од очекуваната, нагло зголемување на каматните стапки за нејзино задржување, оживување на пандемијата на коронавирус или ескалација на геополитичките тензии – може да ја турне глобалната економија во рецесија“, велат од банката.

Забавувањето на растот ќе биде особено тешко за економиите во развој кои се борат со големи должнички оптоварувања, слаби валути и раст на приходите и забавување на деловните инвестиции.