Светската трговска организација го одложи министерскиот состанок поради омикрон

58

Светската трговска организација (СТО) соопшти дека го одложува својот прв министерски состанок по четири години поради влошената здравствена ситуација, што оваа најавена средба ја направи првата голема дипломатска „жртва” на новиот вид коронавирус наречен омикрон.

Министрите на членките на СТО требаше да се соберат неделава на состанок.

Од СТО по овој повод соопштуваат дека членките  се согласиле да ја одложат министерската конференција, откако новата варијанта на коронавирусот доведе до ограничувања на патувањата, што ќе спречи многу министри да пристигнат во Женева, каде што требаше да се одржи состанокот.

Нов датум за состанокот не е одреден.

Швајцарија, земјата во која се наоѓа седиштето на СТО – Женева, ги забрани директните летови од Јужна Африка и околниот регион и воведе тестирање и карантин за патување од други земји, вклучувајќи ги Белгија, Хонг Конг и Израел.