Светскиот економски форум (СЕФ) денеска објави дека до 2030 година, повеќе од 680 милиони луѓе ќе имаат можност да стекнат образование, вештини и вработување како дел од иницијативата Револуција за обновување на вештините.
Лидерите на јавниот и приватниот сектор се состанаа во Давос оваа недела за да го унапредат амбициозниот план за подготовка на луѓето за пазарот на трудот во иднината, според веб-страницата на СЕФ.
Генералниот директор на Светскиот економски форум Садија Захиди изјави дека 23 отсто од работните места ќе се променат во следните четири години и дека развојот на вештачката интелигенција ќе влијае на 40 отсто од сите работни места.