Светски економски форум: Планот е 680 милиони луѓе да имаат можност за преквалификација до 2030 година

157

Светскиот економски форум (СЕФ) денеска објави дека до 2030 година, повеќе од 680 милиони луѓе ќе имаат можност да стекнат образование, вештини и вработување како дел од иницијативата Револуција за обновување на вештините.

Лидерите на јавниот и приватниот сектор се состанаа во Давос оваа недела за да го унапредат амбициозниот план за подготовка на луѓето за пазарот на трудот во иднината, според веб-страницата на СЕФ.

Генералниот директор на Светскиот економски форум Садија Захиди изјави дека 23 отсто од работните места ќе се променат во следните четири години и дека развојот на вештачката интелигенција ќе влијае на 40 отсто од сите работни места.