Светски познати ресторани поднесоа барање за банкрот

65

Малопродажната апокалипса е во полн ек, па дури и најомилените ланци на ресторани во САД и ширум светот не се поштедени.

Повеќе од 1.500 објекти се трајно затворени од почетокот на пандемијата, во САД а тоа се добро познати ланци за ресторани кои поднеле банкрот поради вирусот Ковид-19.

Ова е тешка година за ресторанската индустрија и љубителите на храна.

FoodFirst Global Restaurants, поранешна матична компанија на италијанските ресторани  Brio Italian Grille и Bravo Italian Kitchen, поднесе барање за банкрот во април. Брендовите подоцна ги купи Earl Enterprises, кој планира да ги оживее.

Le Pain Quotidien е белгиска пекара која банкротираше на крајот на мај и ги продаде сите 98 свои капацитети во Америка на компанијата Aurify. Тие потврдија дека имаат намера да ги рестартираат пекарите на 35 локации.

CEC Entertainment поднесе барање за банкрот кон крајот на јуни, а претходно беше откриено дека тие продавале пици преку Интернет, преку апликацијата Pasqually’s Pizza.

California Pizza Kitchen е обичен ланец ресторани, претежно за вечера, кој на крајот на јули објави дека банкротира. Тоа значи дека дури 200 објекти низ целата земја ќе престанат да работат. Тие велат дека за многу угостители, Ковид-19 е еден од најголемите предизвици со кои се соочиле.

Garbanzo Mediterranean Grill покрена банкрот пред нешто повеќе од еден месец, а овој ланец ресторани од Колорадо веќе имаше проблеми со натрупаните долгови, па пандемијата само го забрза тој процес.

TooJay’s од Флорида на само еден месец од почетокот на пандемијата – банкротираше. Тие беа купени од Monroe Capital LLC пред две недели: многу објекти беа повторно отворени, а некои беа трајно затворени.

Maison Kayser, ланец француски пекари, поднесе барање за банкрот на 11-ти септември и беше купен од Aurify Brands, истата компанија што ги купи објектите на Le Pain Quotidien во САД.

Sizzler е последниот на оваа листа, и тоа е ланец ресторани претежно базиран на месо и морска храна. Тие имаат околу 107 локации во САД, а само 14 биле во сопственост на компанијата.