Светскиот економски форум 2022 година ќе се одржи во Давос, местото не се менува

148

Одложениот годишен состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) за 2022 година ќе се одржи во швајцарскиот алпски скијачки центар Давос, изјави основачот на СЕФ, Клаус Шваб, отфрлајќи ги шпекулациите за можно преместување на овој собир од неговиот традиционален дом на друга локација.

„Ќе се одржи во Давос“, рече Шваб во интервју за таблоидот Блик,  на прашањето дали СЕФ ќе го преиспита Сингапур како место за овој настан, кој ќе ја собира светската деловна и политичка елита, пренесува Ројтерс.