Светскиот економски форум се враќа во Швајцарија: Елитата ќе се собере во јануари

53

Светскиот економски форум (WEF) треба да се одржи во швајцарското планинско одморалиште Давос следната година од 17 до 21 јануари, кога светските и бизнис лидерите треба повторно да се сретнат “лице в лице“, објавија организаторите.

Состанокот, како што е најавено, ќе биде фокусиран на забрзување на акциониот капитализам, користење на технологиите од Четвртата индустриска револуција и обезбедување поголема инклузивност на работата во иднина, пренесува Ројтерс.

Пандемијата Ковид-19 ги принуди организаторите да го преместат годишниот состанок на WEF во Сингапур минатата година, а потоа да го откажат целосно, по што се постави прашањето за тоа дали овој престижен настан воопшто ќе се врати во Швајцарија.