Светскиот економски форум во 2021 година наместо во Давос ќе биде во Сингапур

39

Светскиот економски форум (СЕФ) ќе се одржи во Сингапур наместо во Швајцарија следната година, поради пандемијата на Ковид-19, изјави претседателот на СЕФ, Борге Бренде.

Физичката средба во Сингапур ќе биде првиот настан за глобално лидерство што ќе се осврне на заздравувањето на светот од пандемијата, вели СЕФ во соопштението објавено на својата веб-страница, додавајќи дека ќе ги собере лидерите за да се фокусираат на формирање решенија за најголемите итни предизвици со кои се соочува светот.

СЕФ, исто така, наведува дека промената на локацијата го одразува приоритетот на форумот за зачувување на здравјето и безбедноста на учесниците и земјата домаќин. По внимателно разгледување на моменталната состојба во врска со Ковид-19, одлучено е дека најдобро место за одржување на форумот од 13 до 16 мај 2021 година е Сингапур.

Фото: Pexels