Светскиот производител на бакар очекува повисоки цени во 2022 година

189

Чилеанската комисија за бакар Cochilco ја зголеми проценката на цената на бакарот оваа година за 11,4 отсто поради недостигот предизвикан од војната во Украина. Cochilco сега очекува половина килограм бакар да чини 4,4 долари оваа година. Прогнозата беше зголемена поради економските фактори „доминирани од контекстот на намалените залихи на пазарите на метали и ризикот дека глобалната понуда на метали нема да ги исполни очекувањата“, објасни Cochilco.

Иако зголемувањето на цената е добро за Чиле, најголемиот светски производител на бакар, „зголемувањето (цените) нема целосно да влијае на наплатата на даноците бидејќи се зголемуваат цените на горивото, челикот, поморските производи и рудата“, изјави за новинарите во четвртокот министерката за рударство Марсела Хернандо.

Координаторот на Cochilcо, Виктор Гарај, рече дека прогнозата за цената на бакарот би можела повторно да се зголеми во наредните месеци, доколку војната во Украина доведе до ограничување на испораките на бакар од Русија или зголемување на цените на нафтата и енергијата.