
Централните банки низ целиот свет купија нето 19 тони злато во февруари, што сигнализира закрепнување на побарувачката по слабиот почеток на годината, покажа извештајот на здружението на рударски компании WGC во четврток.
Во февруари, банките купија три пати повеќе злато отколку во јануари, но темпото на купувања сепак беше значително пониско од минатата година, кога купуваа во просек по 26 тони месечно.
Во првите два месеци од оваа година, централните банки стекнаа нето 25 тони злато, точно половина помалку отколку во истиот период минатата година.
Најактивниот купувач, пишува Хина, повторно беше полската централна банка, која додаде 20 тони во своите резерви.
Со тоа, вкупните полски резерви на злато сега достигнаа 570 тони, со удел од 31 процент во вкупните резерви и планирано зголемување на 700 тони.
Меѓу водечките купувачи во февруари беше Узбекистан, чија централна банка купи осум тони злато во февруари. Од почетокот на годината, резервите се надополнети со 16 тони скапоцен метал, на 407 тони.
Чешката централна банка додаде два тона злато во своите резерви, додека малезиската централна банка купи два тона, а Кина и Камбоџа купија по еден.












