Светските цени на храната пораснале за 33,6% во март во споредба со истиот период лани

90

Светските цени на храната достигнаа највисоко ниво од војната во регионот на Црното Море во март, при што најмногу поскапеа основните житарки и растителни масла, се вели во најновиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната пресметан од ФАО во март во просек изнесуваше 159,3 поени, што е зголемување од 12,6 отсто во однос на февруари, кога го достигна највисокото ниво од 1990 година, во споредба со март 2021 година забележа скок од цели 33,6 отсто.

Индексот ги следи месечните промени на меѓународните цени во кошница од пет основни прехранбени производи со кои се тргува.