Светските цени на храната во април конечно благо паднаа

82

Светските цени на храната благо паднаа во април од рекордното високо ниво минатиот месец, поттикнати од скромниот пад на цените на растителните масла и житарките, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Глобалниот индекс на цените на храната, пресметан од ФАО, во април изнесуваше во просек 158,5 поени, што е пад од 0,8 отсто од највисокото ниво во март, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на ОН во Рим.