Светските економисти повикуваат на развој базиран на благосостојба, а не само на БДП

Група економисти и истражувачи од целиот свет денес презентираа амбициозен план за изградба на пофер и поодржлив глобален економски систем, со порака дека социјалниот напредок не треба да се мери само според растот на бруто домашниот производ (БДП), туку и според нивото на благосостојба на граѓаните, социјалната еднаквост и заштитата на животната средина.

Предлогот е содржан во „Извештајот за глобална правда“, кој го подготви Светската лабораторија за нееднаквост под водство на францускиот економист Томас Пикети, објави Гардијан.

Авторите на извештајот веруваат дека е можно истовремено да се намали глобалната нееднаквост, да се зголеми животниот стандард на мнозинството од населението и да се ограничат климатските промени.